Македонија
8. September 2019 - 16:05

Повик за обединување на Денот на независноста

Во празнична атмосфера денеска се одбележа денот на независноста и во градскиот парк. Премиерот Заев на граганите им го честита празникот, со порака  да се обединат во градење силна  држава која е на прагот на евроатлантските интеграции.  Нашиот идентитет е потврден а днината грантирана , истакна тој.

Имаме кристална и недвосмислена потврда за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Македонци, Македонец, Македонка, македонско. Како дома, така и во странство. Преведено без ограничувања на сите јазици во светот.

Идентитет за севкупна употреба, признаен од сите. Јазикот се користи слободно секаде, во Обединетите Нации, НАТО, во Европската Унија, во сите официјални институции, активности и настани.

Премиерот ја повика  опозицијата да се приклучи во грдаење на зедничка држава, но од ВМРО –ДПМНЕ деенска  порачаа дека Македонија минува низ турбулентни времиња, со оспорен идентитет, јазик и историја. Во честитката по повод  0сми септември , опозицијата вели-

На оваа генерација и беше наметната промена на името на државата и покрај тоа што власта не доби поддршка на референдум. Оваа генерација гледа како се гребат шахти и се преименуваат улици и објекти. Оваа генерација се соочува со обидот да се брише и заборави дел од историјата. Се најавува ревизија на учебниците и промена на обележјата. Наместо да се чува идентитетот, името, јазикот, културата и историјата, власта тргува со се што е свето. Македонија е економски опустошена земја, во која владее криминалот, а не правото.

Шефот на државата  во честитката до граганите  повика на единство и  трајно помирување за да се постигне полноправно членство во  евроатлантските институции.

За да стигнеме до целта, треба повторно да го обновиме единството што го имавме на почетокот на независноста. За тоа ни е неопходно граѓанско помирување, а за трајно помирување потребна е ефикасна правда и државни институции со интегритет.

Пред 28 години граганите на Македонија со огромно мнозинство гласаа на референдум, изјаснувајки се за  самостојна и суверена држава. Рферендумскот прашање тогаш гласеше  „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија? А на него позиотвно одгворија над 95% од граѓаните.