Македонија
11. February 2020 - 17:43

Повик за доставување 8мм ленти, продолжува проектот „Тајните филмски архиви на градот“

Филмскиот центар Вардар филм-Скопје со поддршка на Град Скопје ќе го реализира вториот проект „Тајните филмски архиви на градот“  и ги повикува граѓаните да му предадат осуммилиметарски ленти доколку сè уште чуваат.

– На овој начин ќе ги зачуваат своите спомени и ќе бидат дел од втората приказна на тајните архиви. Филмската лента има свој век на траење и единствен начин да се зачуваат материјалите би биле преку нивна дигитализација. По процесот на дигитализација, се преминува кон монтажа на краток документарец за Скопје. Целта ни е да собереме материјали на кои можеме да ги видиме Стара чаршија, Кале, Кермес, Дебар Маало… се наведува во јавниот повик.

Граѓаните може да ги донесат материјалите во НУФЦ Вардар филм-Скопје или да ја контактираат
одговорната за проектот – Катерина Габунија на телефонскиот број 070 / 341 463.