Македонија
18. May 2018 - 11:13

Повик за аудиција за новиот игран филм на Манчевски - „Врба“

Продукцијата „Сектор филм“ и режисерот Милчо Манчевски повикуваат студентки и студенти на наставните програми по актерска игра на аудиција за неговиот нов игран филм „Врба“. 

- Доколку сте на возраст од 18 до 32 години и актерството ви е остварена или планирана професија, ве молиме да нѐ контактирате на: vrbacasting@gmail.com за да ви доставиме дополнителни информации за аудицијата. За актерките и актерите од другите возрасти ќе објавиме повик во текот на следниот месец, соопшти продукцијата.