Македонија
21. January 2019 - 12:46

Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници

 Министерството за образование и наука објави Повик за искажување интерес за учество во комисија за давање мислење за измена до 30 проценти од содржината на учебниците по предметите: Македонски јазик за прво одделение и Англиски јазик за второ и трето одделение во деветгодишно основно образование.

Заинтересираните за учество во комисијата треба да се наставници/соработници од факултети или наставници од основното односно средното образование за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и да имаат најмалку десет години работно искуство во наставата.

Пријавата може да се преземе од веб-страницата на Министерството за образование и наука (mon.gov.mk), каде што се наведени и потребните документи и адресата за аплицирање на повикот.  Краен рок за доставување на пријавите е 31 јануари 2019.