Повеќето земји во Европа воведуваат или го продолжуваат затворањето
Повеќето европски земји повторно воведуваат целосно или делумно затворање за борба против зголемувањето на бројот на нови инфекции и смртни случаи од Ковид-19.
Франција, Италија, Шпанија и Португалија воведуваат нови построги мерки и нови затворања.
Строгите мерки остануваат на сила во Германија и Ирска, додека Шведска ги заостри мерките пред неколку дена, но тие сè уште не се толку драстични како во другите делови на Европа.
Франција овој викенд делумно ги затвора деловите погодени од новите жаришта, а тоа ќе го почувствуваат жителите на Ница и крајбрежјето на југ и север околу Денкерк.
Германија исто така се соочува со зголемување на бројот на заразени и таму се во сила строгите мерки, така што сите продавници, освен за храна, како и училиштата, рестораните, кафулињата и баровите, фризерниците, трговските центри … се затворени.
Чешка надмина 20.000 смртни случаи, болничкиот систем беше преоптоварен, а Парламентот во петокот не го одобри предлогот на Владата за продолжување на вонредната состојба во март, но малцинската влада на Андреј Бабиш веднаш прогласи нова вонредна состојба за 30 дена, која стапува на сила во недела.
Шпанија го задржа полицискиот час во сите делови на земјата најдоцна до мај, а на луѓето им е дозволено да одат надвор само за работа, образование и купување лекови или во случаи кога е потребна помош за стари лица и деца.
Во Белгија заклучувањето е продолжено до 1 април, додека неодамна беа воведени нови ограничувачки мерки и во Португалија.
Некои земји како Грција, Холандија, Данска, Италија и Хрватска се одлучија за делумно олабавување на мерките, главно по региони.
Ново на Сител
-

Предлог законот за заштита од пушење го помина првиот собраниски филтер
-

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелациониот суд ја потврди казната
-

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор
-

Приведени осум возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, а еден со активна забрана
-

71-годишник починал по несреќа со трактор
-

Тело на 70-годишна жена пронајдено кај реката Лепенец
-

Гаши - Рокас: Собранието има главна улога во усвојување на законите од реформската агенда
-

Хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите во „Пулс“ во Кочани на 15 јуни
