Повеќето од жртвите на бомбашкиот напад во Кабул се девојчиња
Повеќето од жртвите на самоубиствениот бомбашки напад во Кабул се девојчиња, пренесоа западните агенции, повикувајќи се на изјави на очевидци.
Во нападот на бомбаш самоубиец во образовен центар во шиитската област Дашт-и-Барча, денеска загинаа најмалку 19 лица, а 27 се ранети. Нападот бил изведен во момент кога студентите се подготвувале за приемен испит на универзитетот.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Бројот на напади во Авганистан се намали откако талибанците ја презедоа власта во август 2021 година, но безбедносната ситуација се влоши во последните месеци.
Образованието е чувствително прашање во Авганистан, бидејќи талибанците се противат девојчињата да одат во средни училишта. И Исламска држава се противи на образованието на жените и девојчињата.
Ново на Сител
-
Во тек е постапката за екстрадиција на Палевски од Турција, ОЈО Скопје решава и за притвор на неговиот адвокат
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува за бројни пропусти во истрагата на МВР
-
Денеска завршува скрининг процесот, Маричиќ апелира да се донесат уставните измени
-
Струмица ги обновува дрворедите на градските булевари
-
Преглед на вестите од светот
-
Ширењето говор на омраза на социјални мрежи треба да се санкционира
-
30 години дипломатски односи со Франција
-
Тема на денот со тетовскиот муфтија Ќани Несими