Македонија
10. јуни 2016 - 10:31

Повеќенаменско игралиште во населбата Шатровиќ во Кочани

Општина Кочани ќе гради повеќенаменско спортско игралиште во близина на улицата „Цветан Димов“ во населбата Шатровиќ во Кочани. Ова е планирано и во урбанистичкиот план на градот со што оваа урбана целина ќе биде облагородена со спортско игралиште и нема да претставува простор за депонирање на смет и градежен шут.

- Повеќенаменското спортско игралиште ќе се гради на површина од 1.340 метри квадратни и во него ќе бидат сместени спортски терени наменети за ракомет, кошарка, одбојка, тенис и баскет. Паралелно со него ќе се гради и повеќенаменско детско игралиште во кое ќе бидат сместени реквизити за рекреација и спортување на најмалдите наши сограѓани, изјави Александар Гицов, градски архитект на Кочани.

Според него, за изградбата се планирани финансиски средства во висина од 2,75 милиони денари кои општината ќе ги обезбеди од сопствениот буџет. Градежните работи се очекува да започнат до крајот на месецов