Македонија
6. April 2020 - 16:57

Повеќемина жители на Струмица и регионот не ја почитувале забраната за движење

15 лица од  Струмица  се соочуваат со кривична одговорност бидејќи не ја почитувале забраната за движење. Против нив,  СВР Струмица до основното јавно обвинителство поднесе кривични пријави со кои се товарат дека во изминатиот период ја прекршиле забраната за движење и сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Во текот на изминатото деноноќие полициските службеници регистрирале и нови 17  прекршувања од страна на граѓани  меѓу кои и двајца малолетници кои во време на полицискиот час биле надвор од нивните домови.
Тринаесет лица се затекнати на подрачјето на полициска станица Струмица, три на подрачјето на Гевгелија и едно во  Радовиш. Во просториите на полициските станици се приведени 5 лица.

Со решенија од државниот  санитарен и здравствен инспекторат  од  минатото деноноќие 12 нови  лица се во домашна изолација.  Од нив  11 во Радовиш и 1 во Гевгелија.  На подрачјето на СВР Струмица се евидентирани  и  6 нови лица во самоизолација.

Минатата недела за непочитување на пропишаните мерки десетмина струмичани веќе добија пресуди од страна на струмичкиот суд. Секој од нив е казнет со по  3000 евра, или по 184.500 денари бидејќи не ги почитувале здравствените прописи за време на епидемија по член 206 став 1 од кривичниот законик. Најголемиот дел се однесуваат на граѓани кои ја прекршиле  мерката за самоизолација.

Видеа од Македонија