Македонија
25. August 2015 - 11:40

Повеќе улици во Скопје утре без струја

Без струја утре од 9 до 12 часот ќе останат корисниците од улиците „Нов Живот“ и „Индира Ганди“ во Шуто Оризари.

Како што соопшти Региналниот центар за управување со кризи на Град Скопје без електрична енергија поради закажани технички зафати од 10 до 14 часот ќе останат корисниците од улицата „Мајски Манифест“, од 9 до 15 часот улицата „Драчевска“,од 11 до 12 часот бул. „Партизански Одреди“ број 5 и од 9 до 11:30 часот бул. „Партизански Одреди“ броевите 64 и 64-2, како и објкетите од источната страна на ТЦ Лептокарија.