Македонија
8. јуни 2017 - 14:32

Повеќе улици во Скопје утре без струја

Без струја утре од 8 до 10 часот ќе останат корисниците од населбата Визбегово поточно објектите  десно од стариот Качанички пат.

Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје заради технички зафати во електро-мрежата од 9 до 12 часот без  електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улиците „Охридска“, „Прилепска“,  „Маџир Маало“,  „Вардарска“ и ул. бр. 59, од 9 до 14 часот корисниците од дел од улицата „Че Гевара“ и од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата „Индира Ганди“ кај бр. 31.