Македонија
12. November 2015 - 13:04

Повеќе скопски населби утре без струја

 Утре во периодот од 8:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од  булевар „Илинден“  бр. 9, во општина Центар, а од 9:30 до 13:00 часот корисниците  од дел од улиците „Демир Трајко“ и „Ванчо Мицков“ во општина Карпош.

Од 8:00 до 9:30 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од дел од село Арачиново.

Дел од корисниците од улица „Ѓорче Петров“ и околината ќе бидат без електрично снабдување од 9:00 до 13:00 часот. Од 9:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од Стара Чаршија, а во време од 9:00 до 15:00 часот корисниците од објетките сместени во кругот на поранешната  Фабрика Стаклара, во општина Кисела Вода.

Без струја од 9:00 до 16:00 часот ќе бидат корисниците од селата Радуша, Дворце и Орашје, во општина Сарај.

Во општина Шуто Оризари во време од 9:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Метохиска“, „Индира Ганди“, дел од „Рељо Шестокрило“  и дел од „Гвадалхара“.

Без струја во време од 10:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од дел од улиците „Адам Мицкиевич“ и „Антон Панов“, во општина Гази Баба.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот.