Македонија
25. November 2015 - 12:53

Повеќе склучени бракови, но и разводи

За 0,6 проценти е зголемен бројот на склучените бракови во третото тромесечие од годинава во споредба со истиот период лани. Во овој период склучени се 4.432 бракови.

Според Државниот завод за статистика, во третиот квартал има зголемување и на бројот на разведени бракови и тоа за 19 отсто во споредба со минатата година. Во овој период се развеле 482 бракови.