Македонија
3. May 2017 - 14:41

Повеќе села и улици во Скопје утре без струја

Без струја утре од  9:35 до 12:20 и од 8:30 до 12 часот ќе останат корисниците од дел од населбата Јурумлери, односно корисниците од улицата „Никола Парапунов“ кула1- деловни објекти.

Како што соопшти Реегионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје заради закажани технички зафати, без електрична енергија од 2 до 6 часот ќе останат корисниците на трговскиот центар Сити Мол, од 8:30 до 9 часот корисниците од дел ул. „Методија Патчев“, во периодот од 9 до 14 часот корисниците од дел од ул. Козле под ул.1- патот за св. Пантелејмон, од 13 до 15 часот корисниците од дел од ул. „Методија Шаторов- Шарло“  бр. 5, 7, 9 и 11 и од 9 до 15 часот корисниците од дел од улиците „Мишевска“, „Корџевска“ и „Домазетовска“.