Бизнис
27. November 2015 - 12:40

Повеќе превезена стока во патниот, помалку во железничкиот и воздухопловниот

Во третиот квартал годинава патниот патнички превоз го користеле 2.159.000, градско  приградскиот превоз  16.839.000, железничкиот 309.000, а воздухопловниот 542.341 патник, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во третиот квартал годинава, во споредба со истиот квартал лани, статистиката евидентира зголемување за 25 проценти на количеството на превезена стока во товарниот патен превоз, а намалување во железничкиот за 47,2 проценти и во  воздухопловниот за 45,1 процент.