Свет
27. February 2019 - 11:50

Повеќе од десет лица загинаа, а 24 се повредени во пожар во Каиро

Пожар избувна во главната железничка станица во главниот град на Египет, Kаиро.

Во несреќата загинаа најмалку 24 луѓе и 50 се повредени.

Шефот на главната болница во Каиро Мохамед Саид изјави дека бројот на жртвите од пожарот се очекува да се зголеми.

Пожарот најверојатно е предзвикан од експлозија на резервоар на воз откако тој излетал од шини. Засега нема потврда од официјални лица за причините за пожарот.