Свет
8. May 2018 - 19:05

Повеќе од 50 деца во Украина хоспитализирани поради сомнеж за труење

 

Вкупно 53 деца и двајца наставници беа хоспитализирани денеска под сомнеж дека се затруени, откако колабирале во училиште во централна Украина, информираа локалните власти. 

Точната причина за колабирањето на децата се уште не е утврдена, а тестовите за присуство на хлор, амонијак и радиоактивност дале негативни резултати, соопшти укринската Цивилна заштита.

Единаесет од децата се на интензивна нега по инцидентот, кој се случил во училиште во градот Черкаси, за време на прославата по повод крајот на Втората светска војна.

Брзата помош била повикана и во училиште во Дњепр, откако ученици се пожалиле на гадење за време на одбележувањето на годишнината. 

Од 2015 година, Украина ги празнува 8 и 9 мај, како денови за сеќавање на жртвите од Втората светска војна.