Свет
14. July 2020 - 15:13

Повеќе од 40 лица се заразиле на „домашна забава“ во Мичиген

Најмалку 43 луѓе во американската сојузна држава Мичиген се позитивни на коронавирус откако присуствувале на домашна забава на 2-3 јули.

Најмногу од заболените се млади лица на возраст од 15-25 години.

Речиси 70 други луѓе биле идентификувани како блиски контакти на инфицираните лица, со што властите ги повикуваат сите кои биле во контакт да останат во 14 дневна изолација и да се тестираат доколку пројават симптоми .

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Мичиген досега од коронавирусот починале повеќе од 6000 луѓе.