Македонија
20. August 2019 - 19:03

Повеќе од 4 часа траеше распитот на Катица Јанева, се чувствува невина

Катица Јанева не чувствува никаква вина за случајот Рекет. По повеќе од 4 часа распит во обвинителството за гонење на отганизиран криминал и корупција Јанева излезе со тврдење дека е сведок во истрагата, но сепак изксазот го даваше во присуство на адвокат. Вели дека с еработи за правен советник кој има право да присустува при давањето исказ. Шефицата на СЈО не откри детали од распитот. Очекува судски процес во кој вели многу работи ќе станат појасни.

Јанева е петииот сведок од СЈО кој дава исказ во обвинителството за истрагата Рекет. Тоа досега го сторија и останатите специјални обвинители чии имиња се споменуваат во аудио снимките објавени во италијанските медиуми. На распит вчера од истражниот затвор во Шутка беше спроведен и второосомничениот Зоран Милесвки Кичеец. Засега нема најави дали и кога ќе биде повикан Боки 13 како првоосомничен. Од обвинителството не откиваат ниту дали истрагата ќе биде проширена. Велат дека се работи на прибирање на докази за целосно расчистување на случајот.