Фудбал
13. јуни 2021 - 18:03

Повеќе од 3.000 Македонци се на Националната арена во Букурешт

Повеќе од 3.000 Македонци се на трибините во Букурешт како би им дале поддршка на фудбалерите кои денеска против Австрија го играат првиот натпревар на ЕП.

Дефинитивно доколку не беа рестрикциите поради пандемијата од Ковид-19 арената во главниот град на Романија ќе беше полна до последното место, но по една година помината во борба со Ковид-19 и овие 3.000 навивачи изгледаат како да се десет пати повеќе.