Македонија
21. November 2020 - 21:15

Повеќе од 3 часа седница на главниот штаб за кризи - Нови одлуки нема, но е изготвен акциски план

Главниот штаб за управување со кризи ја утврди потребата од зголемено ангажирање на армијата во справување со пандемијата од Ковид-19.

Засега нема точни бројки кои здравстевни установи имаат потреба да бидат обезбедувани од војниците.

За подигнување на јавната свест за почитување на мерките за заштита Ангелов вели дека во главниот штаб за управување со кризи ќе биде вклучен и невладиниот сектор. Засега нема конкретни одлуки дали и каков начин во борбата со пандемијата ќе се вклучат приватните клиники. За тоа ќе се решава на утрешниот состанок со министерот за здравство.

Сите заклучоци донесени од главниот штаб за управување со кризи ќе бидат разгледани и од Управувачкиот комитет, составен од министрите за здравство, за внатрешни, надворешни работи и министрите за одбрана и транспорт и врски.