Свет
26. March 2023 - 10:03

Повеќе од 2.000 илегални мигранти вчера стигнале до бреговите на Италија

Повеќе од 2.000 илегални мигранти пристигнале во Италија во последните 24 часа, објавија вчера локалните медиуми.

Италијанската крајбрежна стража, финансиската полиција и хуманитарниот спасувачки брод „Луиз Мишел“ спасија неколку чамци со мигранти, главно од земјите во регионот Сахел во Западна Африка, вклучително и Брегот на Слоновата Коска, Камерун, Гамбија, Гвинеја, Мали и Нигер, соопшти државната јави италијанската новинска агенција АНСА.

Агенцијата наведува дека се очекува да продолжи приливот на мигранти.