Свет
12. September 2020 - 8:26

Повеќе од 20 загинати во пожарите во САД

Соединатите Американски Држави цел месец водат битка со пожарите на западниот брег, активни се стотина големи пожари во десетина сојузни држави, а најпогодени се Орегон, Калифорнија и Вашингтон.

Пеплосани се и мали гачиња, а регистрирани се најмалку 24 жртви. Најголем дел од нив се во Калифорнија.

Според, „Ројтерс“, наредена е евакуација на половина милион луѓе во Орегон, а во најголемиот град во таа држава, Портланд, е издадено предупредување жителите да се подготват за пожари во екстремни размери со оглед дека брзо се шират од силините ветришта.