Македонија
11. September 2021 - 10:10

Повеќе од 20 часа беснее големиот шумски пожар кај Велес

Повеќе од 20 часа беснее големиот шумски пожар над железничката станица „Рајко Жинзифов” во близина на Велес, што вчера во 13:10 часот беше пријвен во Територијалната противпожарна единица во градот од каде со осум пожарникари со две возила веднаш се вклучија во неговото гаснење.

Пожарникарите на терен беа синоќа до 22 часот. Утрово во неговото гаснење се вклучени вработените од ШС „Бабуна”, а на терен се подготвуваат да заминат и пожарникари од ТППЕ Велес.На теренот од утрово е командирот на ТППЕ Велес, Љупчо Лепидовски кој прави стратегија за вклучување на пожарникарите во гаснењето.

Како што информираат од ТППЕ Велес со пожарот досега се зафатени повеќе од 50 хектари ниско стеблеста дабова шума,трња и сува трева.

Пожарот уште вчера се прошири во правец на селото С`лп , но засега нема опасност да ги зафати куќите од селото.