Свет
25. August 2020 - 20:49

Повеќе од 177.000 починати од коронавирусот во САД

Повеќе од 177.000 луѓе починале од последици од коронавирусот во САД, покажуваат податоците на универзитетот Џонс Хопкинс.

Според универзитетот, најмалку 5.750.470 луѓе биле заразени со коронавирусот во САД, додека 177.619 лица починале.

Џонс Хопкинс денеска пријави дополнителни 10.746 случаи на коронавирус во САД и 367 смртни случаи, пренесува Си-Ен-Ен.