Свет
28. October 2017 - 10:51

Повеќе од 175.000 лица ги напуштија домовите во северниот дел на Ирак

Над 175.000 лица ги напуштија своите домови во северниот дел на Ирак во последните неколку недели поради судири меѓу ирачките и курдските сили, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Фархан Хак.

Луѓето продолжуваат да си заминуваат од провинциите Ербил, Дахук и Ниневија. Многумина биле принудени да ги напуштат домовите откако неодамна се вратија во нив по победата над џихадистите од групата Исламска држава.

Агенциите на ОН за хуманитарна помош ја следат внимателно ситуацијата и се подготвени за евентуално нов бран бегалци поради судирите и во други реони во земјата.