Балкан
21. March 2016 - 12:09

Повеќе од 160 уапсени во Истанбул поради недозволени протести

Повеќе од 160 лица, меѓу кои и осуммина малолетници, се уапсени во Истанбул поради учество во недозволени протести по повод курдската Нова година - Невруз, јавија турските медиуми.

Истанбулската полиција соопшти дека се уапсени лица, кои сакале да ја празнуваат Невруз, палеле автомобилски гуми, поставувале барикади и ја гаѓале полицијата со камења, петарди и молотови коктели.

Во акциите, извршени во 27 реони во градот, биле одземени 150 молотови коктели, рачно изработена бомба и други запаливи материјали.

Турските власти оваа година го забранија прославувањето на Невруз во многу градови поради безбедносни причини.