Loading Video...
Свет
10. јуни 2020 - 13:22

Повеќе од 15.000 Македонци биле вратени дома за време на пандемијата со помош на Бугарија

Повеќе од 15.000 Македонци биле вратени дома за време на пандемијата со помош на Бугарија, тврди Бугарската агенција БГНЕС, помвикувајќи се на анонимен македонски долгогодишен дипломат.
Сè започнало кога од 14 март, светот ги затвори границите, па илјадници Македонци останале заглавени низ аеродромите и граничните премини низ Европа и светот. До 15 април, агенцијата тврди дека благодарение на дипломатските мисии само преку софискиот аеродром биле вратени 7.523 Македонци. Дипломатскиот извор за БГНЕС тврди дека на овој начин биле вратени и децата на македонски министер, блиски на пратеници и други јавни личности.

Во Франција анти-расистичките протестите стануваат сè помасовни. Французите со осумминутно молчење му оддадоа почит на убиениот афроамериканец Флојд, кој беше погребан вчера. Демонстрантите сметаат дека несоодветното и насилно однесување на полициските службеници кон Афроамериканците е чест случај и во Франција, но и во многу други земји во светот.

Како што напишаа и на транспарентите, сметаат дека светот треба да стави крај на насилството од полицијата и да се запре расизмот.

А анти-расистичките протести, што по убиството на Флојд станаа секојдневие во многу држави, резултираа и со отстранување на статуи од трговци со робови.

Лондон ја отстрани статуата на познатиот трговец со робови Роберт Милиген. Властите најавија дека ќе го сторат истото со сите други статуи од личности кои во историјата тргувале со робови, а ќе бидат преименувани и сите улици, кои имаат каква било врска со ропстовото.

Претходно демонстрантите во Бристол ја урнаа и фрлија во река статуата на Едвард Колстон, кој исто така тргувал со робови.