Повеќе од 1.300 починати од Ковид-19, се повеќе заразени лекари
Бројот на жртви од новиот коронавирус се искачи на 1.383, а регистрирани се 5.090 нови случаи, што е рекорден број.
Со Ковид-19 се заразени вкупно 64.435 лица во повеќе од 25 земји низ светот, а меѓу болните во Кина има се повеќе здравствени работници кои се грижеле за болните.
Локалните медиуми јавија дека во една болница се разболеле 130 од 500 здравствени работници.
Засега најмногу болни има во Кина, со три смртни случаи пријавени надвор од земјата, од кој последната е 80-годишна жена во Јапонија.
Наглото зголемување на бројот на нови пациенти со коронавирус вчера беше последица од ревизијата на критериумите за дијагностицирање, бидејќи претходно како потврдени случаи се сметаа само пациенти чии резултати од тестови биле позитивни на Ковид-19.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите