Loading Video...
Свет
6. May 2018 - 16:34

Повеќе од 1.100 Палестинци повредени во вчерашниот протест во Појасот Газа

Повеќе од 1.100 Палестинци се повредени во  вчерашниот масовен протест на кој учествуваа 10.000 Палестинци  во појасот Газа по должината на границата со Израел.

Протестите траат веќе пет недели, а досега загинаа најмалку 43 Палестинци. Шестмина припадници на  Хамас се убиени во вчерашната експлозија во појасот Газа. Хамас ја обвини израелската армија дека ја нападнала нивната позиција.

Убиените се припадници на инженерското одделение на организацијата. Претставник на израелската армија негираше вмешаност во нападот, алудирајќи дека загинатите  самите се разнеле додека подготвувале бомби.