Македонија
9. August 2016 - 16:37

Повеќе од 1000 преносни пумпи работат на извлекување на водата од поплавените куќи

Повеќе од 1000 преносни пумпи работат на извлекување на водата од поплавените куќи и подруми. Армијата, полицијата, противпожарни бригади од цела Македонија но и од Бугарија и Србија се ангажирани на терен. Се работи со полна пареа за расчистување на последиците од катастрофалното невреме.

Војската е една од најмногу ангажираните институции кои директно на терен се трудат во соработка со граѓаните да ги вратат работите во нормален тек.

Пумпи за вадење на водата се распоредуваат од страна на војската до сите места кои се погодени од водената стихија. Иако е далеку од Стајковци Инџиково каде исто така пристигнаа голем број пумпи е сериозно загрозено од водата.

Во санирање на последиците активно се вклучија и градските власти преку претпријатијата.

Надлежните велат дека се додека целосно не се исчисти теренот и не се санираат последиците од поплавите сите тимови остануваат на терен координирани меѓусебе и во соработка со жителите на погодените места.