Балкан
22. јуни 2020 - 11:41

Повеќе од 100 српски туристи наместо на плажите го Грција, завршиле во карантин

Повеќе од 100 српски туристи кои вчера попладне пристигнаа во Атина со авион, наместо на плажа, завршија во карантин поради коронавирусот!

Како што пишуваат српските медиуми, oткако србите слетале на аеродромот Елефтериос Ванизелос и поминале низ царинска и пасошка контрола, биле пречекани од медицинските екипи на грчкиот институт за јавно здравје (ЕОДИ), кои им зеле брисеви за да ги тестираат дали се заразени со корона. Но, наместо да им овозможи да продолжат со своето патување, со земање лични податоци, хотелски адреси и телефонски броеви за контакт, полицијата ги придружувала  директно во специјалните хотели за карантини, каде ќе мора да чекаат во строга изолација за резултатите од тестот за корона.

Како што им објасниле грчките власти, тие ќе треба да останат таму најмалку 24 часа. Меѓутоа, доколку се покаже дека само еден патник е позитивен за корона, сите патници, па дури и здравите, ќе бидат задржани во карантин цели 14 дена, со силно обезбедување од грчката полиција.

Според грчките правила доколку некој се обиде да избега од карантин, траба да плати казна од  5.000 евра!