Бизнис
20. December 2017 - 16:22

Повеќе од 100 мали претпријатија успеаја да се развијат преку проектот на УСАИД и Швајцарската амбасада

Заврши проектот на УСАИД и Швајцарската амбасада за финансирање и развој на микро и мали претпријатија.

Во овој 6 годишен период проектот се имплементираше преку Центарот за развој на претприемачи и менаџери, кој ќе продолжи и натаму да работи со компаниите  кои ќе донесат нови бизнис идеи во економијата на државата.

Амбасадорот на САД изрази задоволство од завршувањето на проектот кој помогна да се развијат стотина мали претпријатија од 8 различни региони во земјава. 

-Горди сме на фактот дека заеднички  успеавме да  им помогнеме на малите бизниси да отворат 375 работни места, да обезбедиме обука и услуги за поддршка на развојот на речиси 400 корисницина проектот, да инвестираме 700 000 долари во осум мали бизниси преку Микро инвестицискиот фонд создаден во рамки на овој проект, изјави Џес Бејли, амбасадор на САД во Македонија.

-Досега, организирани се две акцелераторски програми во чии рамки се инвестирани 68 000 УСД во 10 стартапи. Многу ни е драго што три од нив се социјални претпријатија – компании кои имаат општествени цели, изјави Сибил Сутер, амбасадор на Швајцарија во РМ.

200 учесници добија сертификати за успешно завршување на претприемачките програми. Настанот заврши со мини саем на кој 15 компании ги претставија своите проеизводи.