Здравје
9. September 2015 - 20:23

Повеќе нема забрана за јадење - Шведската диета вистински хит

Шведската диета во моментот е хит низ светот. Овој режим на исхрана наметнува внесување на малку јаглехидрати, а што повеќе протеини и масти. Немате строг распоред на оброци, туку дозволени и недозволени намирници.
 
Покрај тоа, не се откажувате целсосно од благото, туку добивате и соодветни замени, а сепак се чувствувате сити, полни со енергија и здрави.
 
Нема броење на калории, само броење на загубени килограми.
 
Дозволени намирници
– Сите видови месо
– Сите видови риби и ракови
– Јајца на сите начини
– Зеленчук кој расте над земја (зелка, кељ, брокула, тиквици, маслинки, домат, спанаќ, печурки, зелена салата, авокадо, пиперки)
– Млечни производи со висок процент на маснотии (јогурт, путер, павлака, кајмак, сирења)
– Јаткасти плодови (семки од сончоглед, ореви, семки од тиква, бадеми, лешници, индиски ореви, бразилски ореви)
 
Дозволени понекогаш
– Зеленчук како цвекло, морков, репка и целер
– Овошје. Доволна е една овошка дневно наместо десерт, а посебно препорачливи се малините.
– Чоколадо со висок процент на какао 2 пати неделно (над 70% какао)Не се Дозволени
– Шеќер, сокови, газирани пијалаци, тестенини, колачи, сладолед, мусли и вештачки засладувачи
– Житарки и скроб (леб, ориз, тестенини, компир, чипс, каши)
– Маргарин и рафинирани масла
– Алкохол, особено пиво