Бизнис
28. December 2015 - 16:06

Повеќе нема да има блокада на сметките без претходно предупредување

Повеќе нема да има блокада на сметките без претходно предупредување. Со новиот закон за извршување кој е во собрание, пред да биде активирана присилната наплата, извршителот има обврска  писмено да го извести должникот за тоа, а потоа да му даде рок од три дена да го плати долгот.  Ако должникот не одговори на опомената, дури тогаш сметката ќе му биде блокирана. Ова барањето доаѓа од граѓаните

- Често во канцелариите на извршителите доаѓаат луѓе со блокирани сметки за кои воопшто не биле известени. На овој начин ќе им се остави простор да дојдат кај извршителите и да ги достават сите потребни податоци кои се бараат од нив со што ќе се  намалат трошоците на извршувањето, кои вообичаено паѓаат на нивни товар и воедно ќе бидат во можност да го платат долгот или да предложат средство за извршување кое е поповолно за нив, рече  Зоран Петрески- претседател на комора на извршители на Македонија

Се воведува и вонсудска наплата на долговите за струја, парно, вода , телефон, кабловска или куќен совет.

 Комуналните сметки засегаат голем број на граѓани, особено ранливите категориии целта е да  им се овозможи пре да бидат тужени да им се даде шанса да го платата долгот со што во голема мера ќе се намалат тужбените барања, а ќе се избегнат и непотребните трошоци и од страна на доверителте и од страна на должниците, додаде Петревски

Поради намалувње на обемот на работа, бројот на извшители од  99 се намалува на 80. Според комората еден извршител е доволен за 30 илјади граѓани.  Новот правилник се очкеува да биде усвое на почетокот од следната година.