Џет-Сет
12. October 2017 - 17:52

Повеќе не молчи: Откако сестрата на Иван соопшти дека ќе остане на улица, Гоца удри уште посилно

Пејачката Гоца Тржан овие денови повторно е во центарот на медиумските приказни поради сето она што нејзиниот поранешен сопруг Иван Маринковиќ во реалното шоу „ Парови“ ги изјвува пред гледачите. 
 
Популарната пејачка се труди да не обрнува вниамние бидејќи сето тоа се лаги. 
 
Меѓутоа, секој нов детаљ видно ја вознемирува. Денеска објавила уште една порака на која нема имиња, но најверојатно е упатена кон поранешниот сопруг. 
 
- Лекција на денот - со свињи не се валка во кал, од свињи се прават кобасици и сланина, напишала Гоца која очигледно била многу изнервирана од неговите изјави.