Повеќе хотели поради пандемијата ќе затворат зимава
Поголем дел од хотелите во Охридско-струшкиот регион поради состојбата со пандемијата од коронавирусот ќе стават клуч на врата од декември до март. Во моментот работат со помалку од 10 отсто од капацитетите, што воопшто финансиски не е издржливо, смета првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери Крсте Блажески.
Во туристичкиот сектор, потенцира, потребно е исполнетост од над 30 проценти за да се покријат месечните трошоци. Доколку исполнетоста е над 40 отсто останува идни планови и инвестиции.
– Со оглед на моменталната состојба поголем дел од хотелиерите размислуваат за затворање на капацитетите барем за декември, јануари и февруари. Во очекување сме на подобри времиња и да размислуваме за повторно отворање од март, истакна Блажески.
Во период на пандемија, додаде, интересот за претстој е мал на домашните гости, а затворените граници и неможноста за организирани посети се дополнителен проблем во угостителскиот сектор. Поради состојбата и ограничувањето на собири и неможноста да се почитуваат протоколите нема да има организирани новогодишни забави, а откажани се и неколку семинари.
Претседателот на ХОТАМ смета дека доаѓаат тешки месеци за угостителскиот сектор, работат со мали приходи, а преголеми загуби. Иако не располага со точен податок на отпуштени работници, претпоставува дека работните места се намалени за околу 30 отсто.
– Владата вети минимална плата за ноември и декември. Се надеваме ќе ги добиеме, но јануари и февруари се тешки месеци. Приходи премали, загубите преголеми. Работниците што се на определено време, како што им завршуваат договорите, така ги губат работните места. Околу 30 проценти се намалени работните места, а ги намалуваме и сите други трошоци за да може да се опстане во првата половина на 2021 година, потенцира Блажески.
Во тек е склучување договори за идната туристичка сезона со клаузули во случај на пандемија дека има право да се откаже тој договр.
И покрај пандемијата, претседателот на ХОТАМ е задоволен од изминатата туристичка сезона поради фактот што немаше многу заразени на плажите.
– Тоа беше доказ дека вирусот не се ширеше по плажите, туку во затворени простори како сега. Сега можеме поагресивно да планираме за идната година. Научивме како да работиме со вирусот и како да се справуваме во одредени моменти. Тоа што е добро за гостинот да го примениме, тоа што е лошо да го отстраниме, подвлече Блажески.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово