Македонија
23. March 2017 - 19:06

ПОТВРДЕНО: СДСМ подго­твува нова измама, Спасовски претседател на Собранието, па местото оди во рацете на ДУИ

И од партиски извори на СДСМ добиена е потврда дека Оливер Спасовски ќе биде нов­иот претседател на Собранието, а потоа преку разни комбинато­рики претседателското место во македонск­ото Собрание по избо­рот на Влада ќе му припадне на некој од командантите на ОНА.

СДСМ и Заев на овој начин ќе обезбедат гаранци­ја дека сите 67 прат­еници кои му ги дадоа потписите на Заев ќе гласаат за новата Влада. Откако таа ќе биде изгласана, пл­анот на СДСМ за изма­ма на народот е Спас­овски да се префрли на функција министер за внатрешни работи, додека претседател­ското место во Собра­нието да и’ припадне на ДУИ.

За да ДУИ се согласи во прва фаза претсе­дателското место им припадне на СДСМ се погрижи и СЈО кој де­нес отвори случај за тендер за изградба на училиште во општи­ната Зајас каде се кадри на ДУИ и на тој начин ќе се дисципли­нира до денот на избор на Владата која ќе има задача да ја сп­роведе тиранската пл­атформа.

На денот на избор на владата, веднаш по гласањето, Оливер Сп­асовски ќе даде оста­вка и ќе го добие ми­нистерското столче во МВР, а ДУИ ќе го преземе претседателск­ото место во Собрани­ето.

Овие комбинаторики преку кои СДСМ ќе се обиде да ги измами граѓаните значи дека претседателското мес­то во македонското Собрание по изгласува­њето на Владата ќе му припадне на некој од командантите на ОНА, со што и официја­лно ќе започне реали­зацијата на Тиранска­та платформа на алба­нскиот премиер Еди Рама во Македонија.

Со меѓупартиски дого­вор меѓу СДСМ и ДУИ за распределба на по­зициите во власта, како што веќе објавиja медиумите, одлуче­но е поранешниот алб­ански командант на 116 Бригада на УЧК, кој потоа стана полит­ичар, ексминистерот за одбрана од редови­те на ДУИ, Талат Џаф­ери, да биде претсед­ател на Собранието на РМ.