Македонија
29. August 2016 - 18:28

Потврдено - необичните риби во Дојранското езеро се од видот пирани, но не се опасни за човекот и езерскиот жив свет

Има ли пирани во Дојранското езеро, ова е прашањето  кое деновие се поставува во Дојран откако  беше објевена веста дека рибари биле каснати од непозната риба за која се претпоставува дека е опасната пирана.  Непознати риби биле фатени во  езерото,  но истите не се опасни. Од хидробиолошкиот завод во Охрид велат дека се работи за  аквариумски вид пирани кои не се опасни ниту по рибите во езерото ниту пак  по човекот. Концесионерот на езерото вели дека двете непознати риби  биле фатени овој месец  во два одделни случани, еднаш од рекреативен риболовец, а еднаш од нивните рибари при собирање на мрежите. Примероците веднаш биле пратени во институтот за сточарство и рибарство и хидробилошкиот завод во Охрид на испитување. Концесинерот на дојранското езеро се сомнева дека рибите се пуштени или од несовесни граѓани или намерно со цел да му наштетат на Дојран.

,, Доколку се потврди шпекулацијата дека се работи за пирана, таа е пуштена намерно од некој несовесен граѓанин за да му наштети на Дојран. Пробаа прво со загаденост на езерото, не им успеа, сега со пирани а следното не знаеме што да очекуваме.вели Илчо Парчев  - Фишилан ДООЕЛ  – концесионер на Дојранско езеро

Сличен став како и концесионерот на езерото има и градоначалникот на општина Дојран. И тој се сомнева дека целта е се наруши нивниот углед.

,, Првиот пат пробаа со заплашување на јавноста и замајување во однос на квалитетот на водата во дојранското езеро дека не е безбедна по капењето и така натаму. Таа кампања или хајка на некој начин беше санирана и превенирана и не успеа до крај да ни ја уништи сезоната, меѓутоа овој монструозен чин би рекол на пуштање на таква опасна риба неможе да биде оправдување.,, вели Борче Стамов – градоначалник на општина Дојран

Освен во надлежните институции кои утврдуваат за каков вид на риба се работи, случајот е пријавен и во полиција која треба да истражи кој ги пуштил ваквите риби во дојранското езеро и кои биле неговите мотиви.