Македонија
25. January 2022 - 11:57

Потврдени седум пациенти инфицирани со флурона во Македонија

Во лабораторијата на Институтот за јавно здравје како резултат на паралелно тестирање на грип и на Ковид-19, седум лица добиле позитивни тестови на флурона, пренесе Слободен печат. Засега до Институтот досега не се пријавени починати лица од флурона.

Во нашата земја за првпат флурона пристигна на 5 јануари, кај 26-годишен пациент од општина Зајас. Според епидемиолошката анкета, тој непосредно пред новогодишните празници се вратил во Македонија од САД каде примил вакцина против Ковид-19, а се ревакцинирал непосредно пред да дојде во земјава.