Потврдени околу 2.000 случаи на Ковид-19 меѓу средношколците во Грција
На десет дена од отворањето на повисоките класови од средните училишта во Грција, потврдени се околу 2.000 позитивни случаи од над еден милион направени селф тестови, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Селф тестовите, односно тестовите за домашна употреба се задолжителни за учениците, професорите и останатиот персонал, два пати седмично, а позитивните случаи се по три тестирања.
Генералниот секретар од Министерството за образование на Грција, Алексис Копцис, за грчката телевизија „Антена“, утрово рече дека бројот на позитивни ученици не е над 0.1 отсто.
Според официјалните податоци од Министерството за образование на Грција, целосно се затворени два отсто од средните училишта и има 1,05 проценти делумно затворање.
Портпаролката на грчката Влада, Аристотелиа Пелони, за грчката телевизија „Скај“, утрово рече дека отворањето на останатиот дел од средните училишта, односно пониските класови, како и основните училишта е приоритет за Владата и не ја исклучи можноста да се отворат на 10 мај.
Предвидено е враќањето во училишните клупи да биде со селф тестови два пати седмично, како што веќе важи за средношколците на возраст од 16 до 18 години.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство