Свет
14. March 2020 - 11:43

Потврдени 133 нови случаи во Белгија, вкупно четворица починати од Ковид-19

Уште 133 нови потврдени случаи се заболени од коронавирусот во Белгија, четврто лице починало вчера, соопштија од белгиското Министерство за здравство.

Вкупниот број на потврдени инфекции во Белгија достигна 689.

Од заболените, 97 се хоспитализирани, а 24 се наоѓаат на интензивна нега.