Свет
13. December 2016 - 10:00

Потврдена победата на Трамп во Висконсин

Завршено е повторното пребројување на гласовите во американската држава Висконсин при што е потврдена победата на Доналд Трамп на претседателските избори, соопшти државната изборна комисија на таа држава.

Според податоците, Трамп во  таа држава освоил преку 22.000 гласови повеќе од противкандидатот Хилари Клинтон.

Повторното пребројување гласови го побара Џил Стајн од Зелената партија, а освен во Висконсин побара пребројување и во Мичиген и во Пенсилванија.