Македонија
6. May 2020 - 22:32

Потврдена европската перспектива за земјите од регионот

Силна поддршка за европската перспектива на Западниот Балкан, ова е пораката од денешниот самит на ЕУ со земјите од регионот, мегутоа во декларацијата сепак не се споменува процесот на проширување. Претседателката на ЕК по состанокот истакна дека западно-балканските земји остануваат приоритет во нејзината работа. Таа  се надева дека моменталната здравствена криза нема да влија врз тајмингот и роковите во кои би се одвивало проширувањето. Таа побара солидарност и обединување во справување со економските последици.

Во декларацијата која произлезе од самитот  се повикува и на одржување добрососедски односи и придржување на билатералните договори. Се нотира дека е важно да се  почитуваат  Догворот од Преспа и Догворот за добрососедство со Бугарија, и да се изнајдат и  спроведат конечни и обврзувачки решенија согласно мегународното право. Престедателот на Европскиот совет, ги спомена токму тие два договора како  пример за намалување на тензиите во регионот.

Хрваскиот премиер Пленковик кој ја водеше конференцијата  истакнадека најголемо достигнување во текот на претседавањето на неговата земја со ЕУ е стартот на прегворите со  Македонија и Албанија.

Македонија на самитот изрази очекување дека набргу ке се закжае и првата мегувладина конферениција со што ке започне оперативниот дел на преговарањето. Премеирот Спасовки во своето обракање истакнал дека земјата останува посветена на реформите и европската безбедност, а преспанскиот и догворот со Бугарија се македонски влог во заедничката европска иднина.