Свет
7. April 2016 - 20:18

Потврдена е врската меѓу терористот Кулибали и Исламска држава

Весникот „Паризиен“ открива дека ИП адресата на компјутерот кој беше користен за објавување на видеото на терористот Кулибали од парискиот супермаркет од јануари 2015 е иста со таа која е користена од Исламска држава за други терористички дејности, јави дописникот на МИА од Париз.

Ова откритите на парискиот весник се темели врз истрагата која се води за терористичките напади врз Шарли Ебдо и супермаркетот Хипер Кашер. Така е откриено дека посмртниот тестамент на терористот Амеди Кулибали, објавен на 11 јануари 2015 година, тој изразува верност кон терористичката организација Исламска држава и тврди дека неговите злосторства се синхронизирани со тие извршени во Шарли Ебдо и убиството на полицсикиот агент во Монтруж.

Видео снимката е ставена од една американска ИП адреса, која му припаѓа на едно претпријатие во Тексас, изнајмени како „група адреси“ на една компанија инсталирана во Каиро. Оваа египетска компанија била специјализирана во новите технологиии. ФБИ дал до знаење дека оваа ИП адреса се наоѓа во неговите податоци, бидејќи служела за дифузија на видеото со кое е преземена одговорноста за фаќање на двајца јапонски заложници од Исламска држава во јануари 2015. Двајцата Јапонци беа убиени неколку дена подоцна, по што е направена и врската со двата напада.

Француските истражни органи се обидуваат да дознаат нешто повеќе за адресата на електронската пошта користена за испраќање на видеото на оваа веб страница. Но тоа ќе биде можеби уште потешко, бидејќи американските колеги ги запознале дека најверојатно станува збор за времена адреса, која по користењето се брише, заедно со целокупната содржина на електронското поштенско сандаче.