Македонија
24. March 2017 - 13:26

Потсетување до родителите: Утре работат сите училишта во Македонија, со настава од среда

Утре (сабота) е работен ден во сите основни и средни училишта во Република Македонија.

Имено, поради продолжувањето на зимскиот распуст за два дена во екот на епидемијата на грип во јануари, на учениците им останаа две работни саботи за да го надоместат материјалот.

Утре се одработуваат часовите од среда, а на 22 април ќе се држи настава по распоредот за петок.