Потрудете се да оставите добар впечаток - правила за првиот љубовен состанок
Првиот впечаток е многу важен, посебно ако сакате да ја инпресионирате личноста која ви се допаѓа. Доколку одите на прв љубовен состанок мора да ги знаете овие правила за состанокот да биде успешен.
Немојте да облечете фустан на правиот љубовен состанок. Не дозволувајте му да ги види вашите колена, бидејќи мажите се слаби на нив, а вие сигурно не сакате да ја разбудите неговата фантазија уште на почетокот
Шминката не треба да биде нападна, колку поприродно толку подобро.
Избегнувајте ги прашањата за неговото семејство и никако немојте да го прашувате кога ќе биде вашиот следен состанок.
Не нарачувајте голема количина храна во ресторанот.
Немојте да носите високи потпетици. Ако е состанок на слепо, а мажот низок, и двајцата ќе се најдете во незгодна ситуација.
Не проверувајте го вашиот мобилен без причина, особено ако овој состанок навистина ви значи.
Договорете се со вашата пријателка да ви заѕвони во одредено време, за да оставите впечаток дека сте барани.
Никако немојте да се напиете на првиот состанок.
Не покажувајте му фотографии од вашето милениче.
Задолжително запомнете го неговото име.
Ако тој ги спомне имињата на својот брат или пријател, запомнете ги и нив. Тоа е знак дека го слушате.
Дозволете му тој да ја плати сметката.
Без бакнување! Оставете го бакнежот за следниот состанок.
Никако не измислувајте приказни за себе, бидејќи можете да ги заборавите до наредниот состанок, а тој може да ве потпраша за нив.
Ново на Сител
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори