Loading Video...
Бизнис
10. May 2022 - 16:32

Потрошувачката кошничка за еден месец пораснала за речиси 1.400 денари - стабилизирање на цените дури кон крајот на годината

Растат трошоците за живот. Во април потрошувачката кошница за 4 члено семејство надмина 38 илјади денари, или за еден месец за истите производи, му требале дополнителни 1.337 денари. Од почетокот на годината пак, за задоволување на основните месечни потреби му биле потребни уште 50 евра, односно  2,290 денари, пресмета Синдикатот. Цените ќе  продолжат да растат, стабилизирање се очекува до крајот на годината,а целосна контрола до првата половина од наредната. Двоцифрената инфлација за експертите е очекувана, високи бројки бележат и земјите во еврозоната.. Затоа, економситите пропорачуваат – владата да ја смени стратегијата и да учи од соседна Србија

Владата, преку фискалната политика да ја промени политиката и да се насоки кон земјоделието и ИКТ индустријата. Нека учи од нашите соседи, кои први излегоа од ковид пандемијата, сега не се соочуваат со недостиг на храна и енергенси, имаат најмал  пад на БДП, изјави Синиша Наумовски , АБИТ

За да се заузда инфлацијата американските федерални резерви по втор пат ја зголемија референтната камата. Очекувањата се дека и останатите банки , вклучувајќи ја и нашата, ќе го следат примерот и ќе ги качат каматите. Денарот ќе остане стабилен,  но владата да не се  опушта и да не троши многу.  Покачувањето на платите, по зголемувањето на минималецот, ќе има улога во подгревање на инфлацијата.

Инаку вчера статистиката објави дека инфлацијата во април достигна 10,5%, што е највисоко ниво од март 2008 та година.. Тогаш  изнесувала 10,2 отсто.