Бизнис
18. March 2019 - 19:39

Потрошувачите ќе знаат колку вода и адитиви има во меленото месо, од 1 мај нови декларации

Потрошувачите ќе знаат какво мелено месо јадат.

Новиот правилник предвидува на декларациите точно да стои што содржи месото, колку вода има, колку и какви протеини, дали е направено од смрзнато, па одмрзнато месо или од свежо. Целта е потрошувачите да ги имаат сите потребни информации.

Опареторите токму кај меленото месо прават најмногу злоупотреби. Неодамна АХВ констатираше дека на пазарот има мелено месо ко е декларирано како свинско и јунешко, а во него беше најдено пилешко месо, но и внатрешни органи.

Новиот начин на декларирање кој треба да спречи измама на потрошувачите ќе важи од 01 мај. Казните за тие кои нема да го почитуваат ќе изнесуваат од 500 до 1500 евра.