Бизнис
21. May 2018 - 19:41

Потрфли реализацијата на капиталните инвестиции

Долгите тендери и бавната администрација  причина за слабата реализација на капиталните инвестиции. Од вкупно 397 милиони евра кои се предвидени за цела 2018 година, во првиот квартал   за  проекти се потрошени  30 милиони евра, или реализирани се само  7,4 процени од планираните капитални проекти . Според академикот Таки Фити,  тие се значајни за земјава и државата треба да се насочи кон јакнење на капацитетите на администраџцијата за да се зголеми нивната реализација.

И покрај лошите бројки на почетокот на годинава, од Владата  се оптимисти и очекуваат 2018 да се заврши со 80 отсто реализација од  планираните капитални инвестиции.

Економистите, аналитичарите експертите, академијата  престваници од Владата, бизнис секторот ја почнаа првата дебата за намалување на јавниот долг. Заедничкиот заклучлок е да се  намалат непродуктивните трошоци, а паралено да се работи на  зголемување на економскиот раст.