Џет-Сет
22. јуни 2016 - 13:16

Потресно: Погледнете го спотот посветен на Маринко Маџгаљ

Огнен Амиџиќ и Маринко Маџгаљ ги снимија песните „Боже“ и „За се сум крив“ непосредно пред смртта на актерот. Три месеци подоцна Амиџиќ собра сили и сними спотови за двете песни.

Најпотресниот момент се последните секунди од спотот „За се сум крив“, кога Огњен во море ја фрла единствената работа што му останала од драгиот пријател - гитарата на Маринко.

Песните „Боже“ и „За све сам крив“, се последни кои во групата Фламингоси ги отпеа и сними Маринко Маџгаљ, и може да се симнат по пат на СМС, а приходите се наменети за ќерката на Маринко, Сара Маџгаљ.